Брендот Ла Тана запловува во брачните води, како и Вие! Ви честитаме!
Ја зацртавме нашата цел високо – Скопје оваа година да го добие најдобриот ресторан за свадбени свечености. Наш врвен приоритет е препознатливиот квалитет на Ла Тана да Ви биде на располагање и на денот на Вашата венчавка, во нашиот нов ресторан за свадби Ла Тана.
Ресторанот за свадби Ла Тана е лоциран на Камник, на само 5 километри од центарот на градот. Ресторанот е дизајниран со екстериер кој совршено се вклопува во амбиентот на околната природа. Располага со голема сала со капацитет за 550 гости и мала сала за 350 гости, уредени во луксузен стил каков што заслужува Вашата свадбена свеченост.